Со изложба  на дела од женски автори, со доделување  на признанија и благодарници, Женскиот центар „Бисера“ од Охрид вчера одбележа 15 години од своето постоење.


На пригодната свеченост која се одржа во Центарот за Култура, покрај големиот  број жени, свое учество зедоа и и голем број припадници на посилниот пол. Помеѓу нив беше и градоначалникот  Александар Петрески, кој покрај тоа што го честита јубилејот на Бисера, оваа прилика ја искористи и да им го честита 8-ми март на сите сограѓанки.


За помошта и подршката, во неговата   долгоодишна работа, здружението Бисера, додели благодарници и признанија на неколку охридски  институции и организации, а неколку жени од политичкиот и јавниот живот од Охрид станаа негови  почесни членови.


Во изминатите 15 години „Бисера“ беше активна во борбата за целосна рамноправност на жената во општеството. Покрај бројните активности во градот и земјата, женскиот центар воспостави широка соработка со сродни организации од регионот, а дел од нив присуствуваа на прославата на 15-от роденден на „Бисера.

Е.Е.