И оваа година Женски Центар „Бисера“ се вклучи во одбелужувањето на интернационалната кампања –  „16 денови активизам  против насилство врз децата и жените“

По тој повод Ж.Ц. „Бисера“ организира трибина  на тема „Превенција од насилство во училиштата“, која ќе се одржи во ОУ„Христо Узунов“ – Охрид на ден 29.11.2010 г. – понеделник со почеток во 14 часот.

Трибината што ќе се одржи под мотото  „Превенција од насилство во училиштата“има за цел информирање, превенција и заштита на децата.

OhridNews