Женскиот Центар “Бисера“ од 27 до 30 Мај, 2010 година, беше во работна посета на Организацијата на жени на Будва и Петровец. Посетата е резултат на повеќегодишната соработка помеѓу посестримените организации.


Во Будва “Бисера“ учествуваше на саемот на уметности “Арт Експо“ со видео презентација на градот Охрид и презентација на Охридскиот бисер, предавање и модна ревија на бисери. Презентацијата за Охрид ја изврши  професор Марјана Мартиноска Тодороска, а презентер за Охридскиот бисер беше  Павел Филев, познат изработувач на Охридски бисер.


Делегацијата ја сочинуваа членки на “Бисера“ и жени кои ја подржуваат организацијата, а посетата на Будва беше реализирана со поддршка на Локалната самоуправа на град Охрид.