Бирото за развој на образованието – Подрачна единица Охрид кое е сместено во објектот на некогашната Градска библиотека која сега е предмет на уривање, ќе се дислоцира во зградата на поранешен СОК, во која се сместени УНИ-Банка и Централниот регистар, соопшти локалната самоуправа.
Спомнатиот објект е во сопственост на државата а со оглед дека Бирото е институција на Министерството за образование и наука, чија должност, согласно заклучокот на Владата беше да го дислоцира од објектот што се урива, овој проблем со некогашните корисници на простории во старата Библиотека е целосно надминат, сметаат во градските власти.
Со дислоцирањето на Бирото и временото сместување на Сојузот на борците и другите НВО во бараката на поранешната управа на „Гранит“, работите околу уривањето на објектот на старата Библиотека се очекува да се интензивираат со цел да се запази предвидениот рок – објектот да биде урнат и теренот расчистен до пред Велигденските празници, велат од локалната. По Самитот на шефовите на држави од Централна Европа ќе се започне со втората фаза – урдување на просторот според изготвеното урбаностичко решение кое предвидува на ова место да се направи мал плоштад со тревни површини, објаснуваат во локалната самоуправа.
Вработените во Бирото за развој на образованието беа најреволтирани поради урувањето на старата зграда на библиотеката. Оттаму обвинија дека не биле известени за намерите на општината и дека со тоа во опасност се доведени вредните архиви и збирки книги на Бирото, како и подготовката на државната матура.
ohridnews