Охрид е меѓу неколкуте градови кои се најдоа на листата на бирото за лекови кое повеќе нема да издава одобренија за отворање на аптеки.

Надлежните констатирале дека во повеќето градови има голема концентрација на аптеки што е не е во согласност со стандардите во медицинската мапа на 3.000 жители да има една аптека.

Во Македонија според податоци на Министерството за здравство има 820 аптеки, додека оптималниот број би бил 670. Вишокот аптеки нема да се затвораат но сите тие нема да работат со Фондот за здравство.

Нови аптеки бирото за лекови ќе дозволи да отворат само ако некоја од постојните стави клуч на врата.

Ohridnews