Џеј Зи ја поседува една од највредните колекции автомобили на светот, но дури и за него Бугатито кое му го подарила неговата сопруга претставува нешто посебно. За Бионсе парите не се проблем и можела да му купи се што ќе и падне на памет, но Џеј Зи ваков подарок сигурно ќе чува со години.
Раперот во својата колекција веќе има автомобили како Мајбах 62S, Ферари F430 Spider, и Пагани Зонда Роудстер, но Бугатито Вејрон Гранд Спорт, најбрзиот сериски автомобил на светот, сигурно ќе добие посебно место во неговата гаража. Откако го нарачал автомобилот, Бионсе морала да го чека една година, но успеала да ја сочува тајната и да го изненади сопругот за неговиот роденден.