Група биолози дошле до фасцинантно откритие за време на своето истражување на морето околу брегот на Нов Зеланд, кога пронашле досега непознат вид риба. Поморските биолози од универзитетот во Абердин, кои вршеле истражувања на северот на Нов Зеланд во близина на островот Кермадек откриле неколку нови видови риба.

За време на седум дена, колку што траела нивната експедиција, направиле околу 6500 фотографии и уловиле околу стотина риби. Најголем број од новите видови риби припаѓање на родот јагула. Меѓу откриените риби имало и од таканаречената „риба пацовка“ која последен пат била уловена пред 100 години и за која се сметало дека изумрела. Некои видови јагули живееле на толкави длабочини што се речиси сосема проѕирни, поради недостатокот на сончева светлина, додека кај други очите закржлавеле, исто така поради животот во мрачните морски длабочини.