дисциплина:100 метри
личен рекорд: 12.45 секунди (04 мај 2008, Скопје)
датум на раѓање: 14/07/1989
клуб: ПАК 7-Мај од Скопје
тренер: Ѓорѓи Вучков
Рожман има учествувано на повеќе балканијади. Оваа година како единствен представник од Македонија настапи на Светското првенство за јуниори-ки, кое од 8 до 13 јули се одржа во Бидгошч (Полска).
На Олимписките игри во Пекинг Рожман заминува со вајлд карта која ИААФ и ја додели на АФМ.
резултати на 100 метри во 2008
12.45 – Скопје, Митинг отварање на сезона / 4 мај
13.99 – Скопје, Квалификации за сениорски Куп / 17 мај
12.48 – Скопје, Финале на сениорски Куп / 30 мај
12.62 – Букурешт, Меѓународен атлетски митинг / 6 јуни
12.12 (со ветар од + 4.0 м/с) – Скопје, Сениорско првенство на Македонија / 14 јуни
12.47 – Банска Бистрица, Куп на Европа – 2 лига група Б / 21 јуни
12.96 (со ветар од – 3.3 м/с) – Бидгошч, Светско првенство за јуниори-ки / 9 јули
12.63 – Бурса, Балканијада за јуниори-ки / 19 јули
“Благодарение на мојот тренер Ѓорѓи Вучков оваа година го постигнав мојот личен резултат, со што си ја овозможив вајлд картата за Олимписките игри во Пекинг. Моите очекувања за олимпијадата не се многу големи, што значи најмногу очекувам да си го подобрам личниот резултат и да ја представам Македонија во најдобро светло“, изјави Ивана Рожман пред заминувањето за Пекинг.