Изградбата на биофилтерот на новите мрестилишни инсталации на Хидробиолошкиот институт од Охрид, кои се дел од донацијата на кралството Норвешка, е во полн ек.


На местото каде се изведуваат градежните работи вчера го затекнавме директорот  на  Хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски, кој очекува биофилтерот да биде готов за две недели.


На местото од старите корита, ќе се изгради мало езерце, во кое водата од мрестилиштето ќе се задржува одредено време и нема директно да се влева во езерото. Овој нов дел ќе има двојна улога- освен како биофилтер, ќе служи и како мрестилиште за подмладокот на охридскиот крап.


Изградбата на биофилтерот на Хидробиолошкиот институт ја финансира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

OhridNews