„Таа и нејзиниот сопруг пет година живееле во иста соба на катот од куќата. Во текот на испитувањето рекла дека Осама никогаш не ја напуштал собата ниту пак излегувал од куќата за да не го видат“, рекол неименуван пакистански официјален претставник.
Амал ал Садах е родена во Јемен, а се испрашувани и уште две сопруги на Осама, кој пакистанските власти ги ставиле во притвор по поморската акција „фока“ во Аботабад.
Садах тврди дека Осама не бил вооружен, ниту дека на било кој начин претставувал опасност за американските специјалци.
„Го убија кога уште беше во пижами“, рекла на испитувањето Садах, на која американските специјалци и ја повредиле ногата.
Таа тврди дека не го видела моментот кога го убиле Осама.
Пакистанските власти држат и десетина деца кои се пронајдени во куќата на Бин Ладен откако заминале специјалците.
Во куќата пакистанските власти пронашле и три мртви мажи, од кои еден е наводно Халид бин Ладен, синот на Осама. Ниту еден од нив не бил вооружен.
Неговата најмлада ќерка Саифа (12), изјави дека нејзиниот татко американските специјалци го фатиле жив, па го убиле.
Пакистанскиот официјален претставник рекол дека на припадниците на ЦИА не им е дозволен пристап до жените кои се во притвор и кои сеуште ги испрашуват.
Се огласил и друг висок пакистански официјален претставник кој сакал да остане анонимен, а кој тврди дека Бин Ладен последните денови останал со малку пари и дека Ал Каеда се поделила на две фракции и оти побројната група ја води Ајман ал Завахирија.
Тој истакнал дека на тоа укажува и фактот дека водачот на Ал Каеда немал обезбедување во куќата или следбеници кои би зеле оружје за да го одбранат. Во куќата биле пронајдени само еден калашников и еден пиштол.
Терористичката организација Ал Каеда на неколку исламски сајтови вчера ја потврди смртта на својот лидер и најави дека наскоро ќе биде емитувана лентата која Осама ја снимил недела дена пред смртта.
извор:„Макфакс“