На 25.04.2025 во 20.50 часот во СВР Охрид, 38 годишно лице од Охрид пријави дека од домот се оддалечила неговата 26 годишна сопруга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид.

На 26.04.2025 во 02.46 часот, во ноќен клуб во Охрид, е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 25 годишно лице од селото Подмољје, општина Дебрца и 28 годишно лице од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.04.2025 во 14.20 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ во Охрид настанал пожар во паркирано возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 31 годишно лице од Охрид.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Истиот ден во 22.17 часот, на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 62 годишно лице од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 25.04.2025 во 21.20 часот во струшко, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 50 годишна жена, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички нападнала 81 – годишен член на семејството.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 130 од Кривичниот законик, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews