Вратено лицето кое на 14 декември беше пријавено дека се оддалечило од домот. Случајот беше пријавен во полиција од страна на неговиот брат.
На 16.12.2024 во СВР Охрид било пријавено дека во својот дом се вратило 70 годишното лице од Охрид, за кое на 14 декември неговиот 71 годишен брат пријави дека се оддалечило од домот, информираат од СВР Охрид.
На 16.12.2024 во 08.15 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид.
Тој претходно предизвикал пожар во неговата куќа на улица „Андон Дуков“. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, и по целосно документирање на настанот, против ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.12.2024 во 14.25 часот, лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews