На 05.04.2024 во 05.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро.
Повредени лица нема, а по извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје.
Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 дена, велат од СВР Охрид.
На 05.03.2024 во 00.10 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека на 04.03.2024 на локален пат во село Лабуништа, две лица, сопреле возило „цитроен“ на брза пошта со кавадаречки регистарски ознаки и со закана, од возачот одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews