На 14.11.2024 во 07.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 54 годишно лице од Кичево, излетало од патот.

Притоа, сопатничката 72 годишна жена од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 14.11.2024 во 09.30 часот, при контрола на регионалниот пат Струга – Дебар, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, во паркирано товарно моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, пронајдоа и одзедоа 13,68 метри просторно нежигосано огревно дрво.

Одземеното огревно дрво е предадено на претставници на Шумската полиција за натамошна постапка, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews