На 25.11.2023 во 00:30 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40 годишно лице од охридското село Лескоец, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, а со телесни повреди 26 годишниот сопатник од охридското село Косел, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По наредба на јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи, инофрмираат од СВР Охрид.
На 24.11.2023 во 23 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 59 и 43 годишни лица, двајцата од Охрид.
Притоа, 59 годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 24.11.2023 година во 15 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведено е 39 годишно лице од Охрид.
Тој, претходно бил агресивен кон полициските службеници кои, вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews