На 14.08.2024 околу 15.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Подмоље, патничко возило „цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 26 годишно лице од с.Велешта, струшко, излетало од коловозот.
Во несреќата, жената која го управувало возилото се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.
На 14.08.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз неколку лица.
По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
OhridNews