На 10.06.2024 во 11.55 часот, на пресекот од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 70 годишно лице и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 21 годишно лице, двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата .„Цар Самоил“ во Охрид кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews