Во два одделни случаи приведени се стружанка и стружанец за поседување марихуана, информираат од СВР Охрид.

На 21.11.2024 во 14.50 часот во Охрид, на булеварот „Туристичка“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 30 годишна жена од Струга затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.11.2024 во 21.30 часот во близина на струшкото село Мали Влај, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишија од слобода 26 годишно лице од Струга. При преглед во патничко возило „опел кадет“ со струшки регистарски ознаки, во кој се превезувал, му била пронајдена и одземена марихуана и грендер. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews