Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Кичево-2, Струга-1). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира СВР Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 148 лица (Охрид-48, Струга-86, Кичево-14). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 86 контроли (Охрид-22, Струга-53, Кичево-11). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 56 лица (Охрид-20, Струга-28, Кичево-3, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 41 контроли (Охрид-11, Струга-22, Кичево-3, Дебар-5). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 26 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-03, Струга-06, Кичево-07, Дебар-10).

Во изминатото деноноќие, полициските службеници, констатирале 60 прекршоци за не носење на лична заштита на лицето (Охрид-24,, Струга-06, Кичево-25, Дебар-05).

Полицијата соопшти дека вчера околу 14.00 часот во СВР Охрид приведен бил 53-годишен охриѓанец, поради постоење сомнение за неовластено снимање и омаловажување на полициски службеници кои преземале службени дејствија во близина на охридското село Подмолје. Истиот ден околу 19.00 часот во полициската станица Охрид, истото лице пријавило дека при приведувањето, полицискиот службеник му нанел тешки телесни повреди на десната рака, констатирани во Општата болница во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

OhridNews