На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал 63 годишно лице од Охрид, излетал од патот.
Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај 33 годишниот сопатникот од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот и вториот 61 годишен сопатник од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, 35 годишен од Охрид, не биле констатирани повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Даночно затајување“.
Лицето во својство на управителка на правното лице, во текот на 2023 година, свесно и намерно не ги пријавувала сите остварени приходи, внесувала лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќала помала сума парични средства од вистинската. При контрола извршена од УЈП, кај правното лице констатирани се неправилности, односно кусок во износ од 753.190 денари, велат од СВР Охрид.
На 27.06.2024 година во 18.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом бил агресивен, а потоа и физички нападнал членови на неговото семејство.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews