На 21.02.2025 година, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека 64 годишно лице од Охрид, управител на објектот, и 33 годишно лице, одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик, информираат од СВР Охрид.

На 22.02.2025 година во 01:23 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишено од слобода е 40 годишно лице од Ресен.

Тој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „Безобsирно управување моторно возило“, евидентирано од полициските службеници кои тука преземале мерки од областа на безбедноста во сообраќајот и притоа, констатирале дека тој, управувал патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

На 22.02.2025 година во 03:10 часот, пред угостителски објект лоциран на „Кеј Македонија“ во Охрид, приведени се 58 и 50 годишни лица, двајцата од Охрид кои, биле агресивни кон полициските службеници кои, тука преземале мерки од областа на безбедноста.

При контролата, полициските службеници констатирале дека едното лице управувало патничко возило „Мерцедес“ под дејство на алкохол поради што, веднаш е исклучен од сообраќај.

На 21.02.2025 година во 11:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на „Кеј Македонија“ во водите на Охридското Езеро, забележале неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од полициски службеници, а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews