На 17.04.2024 во 16.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, охриѓанец физички и со стаклен предмет нападнал 49-годишен сограѓанин.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, информира СВР Охрид.

На 17.04.2025 во 18.30 часот, на улица „Маршал Тито“ во Струга нарушен бил јавниот ред со физички напад извршен од стружанец врз 56-годишен сограѓанин.

Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна, се наведува во соопштението.

OhridNews