На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од 50-годишно лице од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишен охриѓанец, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ (43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот на фолквагенот и неговиот сопатник (50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ (22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид,  информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 02.08.2024 во 04 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од охриѓанец врз сограѓанин.

Пo документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.

На 01.08.2024 во 23.45 часот, за време на музички концерт на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, приведени биле две лица од Скопје на возраст од 18 и 20 години.

Тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која се вклучиле и други лица од Скопје. Против сите учесници во нарушувањето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Димоски.

На 01.08.2024 година во 23 часот, при контроли извршени на музички концерт на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај 21-годишен охриѓанец пронашле прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

На 01.08.2024 во 22.50 часот, на музички концерт кој се одржувал на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, две лица од Прилеп и Скопје пронашле дрога.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, посочи Димоски.

Г.М.