На 18.10.2024 година во 23.40 часот, во угостителски објект во близина на спортски центар во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две 19 годишни лица од Охрид.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВр Охрид.
На 19.10.2024 год во 01:35 часот во ноќен клуб во Охрид, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, приведоа 22 годишно лице од охридското село Велгошти.
При извршена контрола, тој исфрлил најлонска опаковка со бела прашкаста материја која е одземена и предадена на вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава., додаваат од СВР Охрид.
OhridNews