На 13.07.2024 година во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 36 и 25 годишни лица од една и 22 годишно лице од друга страна, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 13.07.2024 година во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски Просветители“ во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на стамбен објект во изградба.

При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, затекнале 40 годишно лице од Ресен и 21 и 25 годишни лица, двајцата од Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, велат од СВР Охрид.

На 12.07.2024 годин од 15 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 19 возачи на моторни возила кои, на непрегледни и места каде е забрането, извршиле непрописно и небезбедно престигнување на други моторни возила (Охрид-08, Струга- 08 , Кичево-02, Дебар-01).

OhridNews