Празничниот полициски билтен бележи повеќе нарушувања на јавниот ред и мир и инциденти, а предничат физички пресметки и напади.

На 02.05.2024 во с.Горно Лакочереј, охридско, по претходно расправија во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 22-годишен охриѓанец и 33-годишен жител на с.Горно Лакочереј.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Охрид.

Исто така вчера,  во 10.45 часот во СВР Охрид, 43-годишен жител на  охридското село Горно Лакочереј, пријавил дека по претходна расправија околу сообраќајот на улицата „Никола Карев“ во Охрид, бил физички нападнат од 61-годишен охриѓанец.

Полицијата работи на расветлување на случајот, по што ќе следат соодветни пријави.

Во полицискиот билтен забележани се уште неколку инциденти. Жител на Црвена вода бил приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници, млад охриѓанец завршил зад решетки поради агресивно однесување во домот, а малолетно девојче било каснато од куче.

OhridNews