На 26.04.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од воздушно оружје бил испукан проектил во куќа на улица „Даме Груев“ во Охрид, при што било оштетено стакло од прозор.
По насоки на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 26.04.2025 во 21.05 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, едно лице се обидело со метален предмет да го нападне 46-годишен охриѓанец.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена пријава по член 133 од Кривичниот законик. – „загрозување со опасно орудие“, потенцира Димоски.
OhridNews