По претходна пријава, полициски службеници од ОВР Струга, синоќа во 19 часот од 83-годишен жител на струшкото село Мислешево, одзеле  ловна пушка калибар 16 милиметри поради сомнение дека тој ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец.

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Вчера утротото во охридското село Лескоец лишен од слобода бил 34-годишен жител кој претходно, во семејниот дом физички и со тврд предмет, нападнал членови на семејството.

Се работи на расчистување на случајот по што за лицето ќе следи соодветна пријава, информира полицијата.

Вчера во 11,30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во помошен објект од куќа во струшкото село Заграчани, сопственост на 49-жител на истото село, избувнал пожар.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

На 02.11.2024 година во 14.40 часот, кај месноста „Горица“ во близина на магистралниот пат Кичево-Охрид, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил „Шевролет Калос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 53-годишен скопјанец и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 29-годишен жител на кумановското село Лојане.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и двајца сопатници во патничкото возило од Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот, како и сопатник во товарното возило.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.