СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против 45-годишна скопјанка, поради сторен прекршок – нарушување на јавниот ред и мир и постапување спротивно на наредба на полициски службеник,. Таа, вчера, во 15.25 часот на улицата .„Климентов универзитет“ во Охрид, одбивала да се придржува до насоките на полицискиот службеник по што, е повикана на разговор во полициска станица.
Вчера, во 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „Јордан Мијалков“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 34-годишно лице од охридското село Пештани и 29-годишен охриѓанец. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Охрид. Пријавениот, на 16.09.2019 на улицата ,,Абас Емин“ во Охрид бил запрен од полициските службеници и при преглед кај него бил пронајден амфетамин. При претрес во неговиот дом, бил пронајден и одземен амфетамин.
OhridNews