На 25.12.2023 во 20.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид, 38 годишна скопјанка била физички нападната од 31 годишно лице од Охрид.

По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом, велат од СВР Охрид.

На 26.12.2023 во 01.35 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews