На 28.04.2024 во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49 годишно лице од Охрид.

Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.11.2024 во 03.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец физички ја нападнал неговата сопруга во нејзиниот дом во охридско село.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во возило „Хонда Аскорд“ во која се превезувал, извршена на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews