На 23.03.2025 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 61 годишно лице од с.Оровник, охридско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.03.2025 околу 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 21 годишно лице од с.Шум, струшко и 22 годишно лице од Струга.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал 21 годишното лице, а сопатник бил 22 годишникот кај кој била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 22.03.2025 околу 15.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 46 годишно лице од Охрид.
Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews