На 03.02.2024 година во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека, 60-годишно лице во семејниот дом во охридско село, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2024 година во 22.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека 72-годишен битолчанец, кој привремено престојува во куќа во Охрид, паднал по скали при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.

Во текот на изминатата ноќ, од 23 до 04 часот на подрачјето на Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 08 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира полицијата.

На 03.02.2024 година во 16.24 часот во ОВР Струга е пријавено дека во казино во Струга, на М.К.(45) од струшкото село Радолишта му се слошило и паднал, по што бил пренесен во Општата болница во Струга каде починал. По наредба на јавен обвинител врз починатиот ќе биде извршена обдукција.

На 03.02.2024 година во 16.15 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во својот дом во струшкото село Октиси, бил пронајден починат М.У.(66) од истото село. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, стои во полицискиот билтен.

OhridNews