На 31.07.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 31 годишно лице од Охрид.

Тој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 01.08.2024 година во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид се случил физички напад.

Едно лице физички нападнало две лица од Охрид. По целосно расветлување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 31.07.2024 година околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид пронајдоа дрога.

При извршени прегледи, кај 20 и 21 годишни девојки, двете од Тетово, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, додека кај 33 годишно лице од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,

На 31.07.2024 година во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз 20 годишно лице од Нови Сад, Република Србија, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат oд СВР Охрид.

OhridNews