Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „фалсификување на исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишен охриѓанец и против 44-годишно лице од кичевското село Грешница за сторено казнено дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Во текот на 2015 година, охриѓанецот до управните служби во СВР Охрид, поднесол барање во управна постапка за регистрација на патнички автомобил иако знаел дека не ги исполнува условите од Законот за возила. Истовремено, второ пријавениот, до Бирото за метрологија, за истото возило поднел барање за регистрација на негово име, иако знаел дека возилото не е негово и не постојат законски основи за таква постапка, информира портпаролот на СВР Охрид, стефан Димоски.
Димоски информира дека е поднесена уште една кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“ и „предизвикување општа опасност“. Пријавата е поднесена против 48-годишно лице од струшкото село Делогожда. Пријавениот, на 25.04 2020 година околу 23 часот, во селото, за време на полициски час, со палење хартија и фрлање кон патнички автомобили, предизвикал целосно опожарување на две патнички моторни возила.
OhridNews