На 02.01.2025 година во 21 часот,  на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид.

Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во Охрид.

На 03.01.2025 година во 23:51 часот во казино во Охрид приведено е 44 годишно лице од Охрид.

Тој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  03.01.2025 година во 22:51 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, пред куќа во струшкото село Лабуништа, избувнал пожар во електричен орман во кој, целосно изгореле пет електрични броила.

Повредени лица нема, а интервенирале екипи на ЕВН и на Територијалната противпожарна единица од Струга.

На 04.01.2024 година во 00.30 часот, на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, лишено од слобода е 51 годишно лице од Дебар.

Тој претходно, од влез од зграда во Струга, бесправно одзел седум вреќи со пелети. Истите, се пронајдени и вратени на сопственикот а против сторителот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews