На 08.06.2024 година во 14.50 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 23 годишно лице од Охрид.
Тој претходно, во семејниот дом бил агресивен и упатувал закани кон членови на неговото семејство. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
На 09.06.2024 година во 00,09 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во хотелски комплекс во Охрид, починато пронајдено е 63 годишно лице од Скопје.
Увид извршија полициски екипи а лекар од Итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство.
На 08.06.2024 година во 23.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, 18 годишно лице од Охрид, кај градскиот парк во Струга била физички нападната од неколку женски лица.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2024 година во 22 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, лице од Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews