На 10.12.2023 во 23.00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 43 годишно лице од Охрид.
Кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 09.12.2023 во 14.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман е пронајдена граната.
Полициски службеници извршија увид и констатирано е дека се работи за артилериска метална граната М-57, која е безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews