На 01.03.2024 година во 14.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во стан во Охрид, лоциран на улицата „Даме Груев“, во кој престојувал, починато пронајдено е 63 годишно лице од Охрид.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид.
На 01.03.2024 година во 23.10 часот, во близина на охридското село Опеница, приведено е 23 годишно лице од Охрид.
При преглед во моторно возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки што, тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews