На 25.03.2025 во 23.40 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 26 годишно лице од Охрид.

При контрола во возилото „бмв“, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 25.03.2025 во 13.57 часот во СВР Охрид, 52 годишно лице од с.Куратица, охридско, пријавил дека во 13.45 часот во село Куратица бил физички нападант од друго лице од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од Охрид.

Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. На 11.03.2025 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews