На 05.10.2024 во 01.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведено е 21 годишно лице од Струга.

Кај него при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 04.10.2024, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода лишија 39 годишно лице од Охрид.

При претрес во викенд куќа во охридското село Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 05.10.2024 во 03 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, приведено е 28 годишно лице од Корча, Република Албанија.

Тој претходно, на истата улица физички, а потоа и со дрвен предмет, нападнал 61 годишно лице од тетовското село Мала Речица. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.10.2024 во 17.40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е 74 годишно лице од Охрид.

Тој омаловажувал и навредувал полициски службеник. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews