На 06.03.2024 година во 16.20 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишено од слобода е 23 годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана како и други предмети со остатоци од марихуана. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Тој, на 06.02.2024 година, во семејниот дом бил агресивен кон членови на семејството по што, физички им се спротивставил на полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews