На 18.02.2024 година во 05.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, 47 годишно лице од едно охридско село, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава

На 17.02.2024 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 38 годишно лице од Охрид.

Тој бил затекнат при извршување кражба во трговски објект во Охрид, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле такси возило, кое го управувал пријавениот, кој на увид дал лекарско уверение за кое по извршени проверки било утврдено дека е фалсификувано.

На 18.02.2024 во 18.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Велмешко блато“, атар на селото Велмеј, Општина Дебрца, настанал пожар на нискостеблеста вегетација на земјиште во државна сопственост.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews