На 23.01.2024 година во 17.15 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 25 годишно лице од Охрид.
При претрес извршен по судска наредба во куќа во Охрид во која привремено престојувал, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво во обид“.
Тој, на 01.12.2024 година, во продажен објект во Струга, со пиштол и упатил закани на вработената касиерка и се обидел да ги земе парите од дневниот промет во што не успеал.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 18 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При контрола извршена на улицата „Нико Нестор“, во Струга, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана по што го лишија од слобода, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews