На 04.12.2024 во 00.05 часот на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 24 и 20 годишни лица, двајцата од Охрид.

Тие го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 03.12.2024 во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 59 годишно лице од охридското село Пештани.

Возилото било паркирано пред плажа на брегот на Охридското Езеро. Повредени лица нема, а увид на местото, по наредба на јавен обвинител, извршија полициски екипи.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен на 26.11.2024 по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин и пари. На него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews