На 10.09.2024 во 22.50 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 19 годишно лице од Штип.

При контрола на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 10.09.2024 во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга, а потоа оштетил нејзини лични предмети.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат.

На 21.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7 Ноември“ во Охрид, две лица физички нападнале 19 годишно лице од Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2024 во 16.45 часот на улицата „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Охрид.

Кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews