На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од Охрид.

При преглед кај него е пронајден лап топ компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а  по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 24.07.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 50 годишно лице од Охрид.

Тој претходно на отворен простор во склоп на царинскиот терминал во Струга физички нападнал 42 годишна жена од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишно лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews