СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

При претрес, извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и предмети со остатоци од кокаин, информираат од СВР Охрид.

На 13.02.2024 во 23.15 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 27 годишно лице од охридското село Велгошти.

Тој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 13.02.2024 во 20.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews