На 24.03.2024 година во 17.05 часот, во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, лишено од слобода е 69 годишно лице од Охрид.

Тој, претходно бил агресивен кон полициски службеници, кои тука преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена сооветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 24.03.2024 година во 15.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во близина на автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, се случил пожар на површина со нискостеблеста вегетација.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews