На 27.02.2025 во 23.50 часот, на паркинг простор во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 41 годишно лице од истото село.
При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со 28 годишно лице од Велгошти, кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 27.02.2025 во 14.38 часот во СВР Охрид е пријавено дека маж од едно охридско село физички ја нападнал сопругата.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
На 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
На 27.02.2025 во 15.20 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во текот на претходните две недели со употреба на сила било влезено во црквата „Св. Јован Владимир“ во селото Подгорци, струшко, и биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews